Услови за користење
Оператор на сајтот
Сајтот prirodnakozmetika.mk го води ЈАСС дооел, увозник и дистрибутер за Македонија. Контакт: 02 / 240 3030.
Природа на производите
Овој производ е додаток на исхрана и не треба да се употребува како замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Да се чува надвор од дофат на деца. Лица кои се осетливи на некои од состојките не би требало да го употребуваат овој производ.
Производите се одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство и категоризирани од Бирото за лекови и Институтот за фармакологија како додаток во исхраната.
Нарачки
- Нарачката се смета за примена откако ќе биде потврдена во телефонски разговор.
- Цените се во MKD и важат за пакувањето наведено на страницата на производот.
- Плаќањето е при преземање, кај курирот.
- Купувачот е должен да даде точна адреса и телефонски број.
Содржина на сајтот
Податоците за состав, дозирање и категоризација се преземени од декларациите на производите. Тие се информативни и не претставуваат медицински совет. За здравствено прашање консултирајте лекар или фармацевт.
Измени
Условите можат да се менуваат. Верзијата што важи е онаа објавена на оваа страница во моментот на нарачката.